ДАНИЕЛ КОЦЕВ Е НАЈДОБРИОТ ДИПЛОМЕЦ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ, МАЈА ЈАНУШЕВ, СОПРУГА НА ИГОР ЈАНУШЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРОРАНГИРАНА

    ДАНИЕЛ КОЦЕВ Е НАЈДОБРИОТ ДИПЛОМЕЦ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ, МАЈА ЈАНУШЕВ, СОПРУГА НА ИГОР ЈАНУШЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРОРАНГИРАНАМаја Јанушев заврши како втора меѓу 37-те дипломирани кандидати (Фото: К. Попов)

    Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска денеска им ги додели дипломите на 37-те дипломирани кандидати кои ќе бидат избрани за судии и обвинители.

    Прворангиран со најмногу бодови е Даниел Коцев, кандидат за обвинител, а втора е Маја Јанушев, кандидатка за судија. Треторангирана по успех е кандидатката Сузана Димитриева.

    За целиот период од над три години додека овие кандидати се обучуваа на Академијата, немаше избор на судии во основните судови и во основните јавни обвинителства.

    На церемонијата во Врховниот суд беа највисоката судска и обвинителска власт, министерката за правда Рената Дескоска, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и други дипломатски претставници.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари