ДАУТИ ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА, СЕ ОЛЕСНУВА ИЗБОРОТ НА ПЕТТИОТ ЧЛЕН НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДАУТИ ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА, СЕ ОЛЕСНУВА ИЗБОРОТ НА ПЕТТИОТ ЧЛЕН НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ

    Даут Даути ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумиски услуги дека ја повлекува кандидатурата за петти член на ад хок телото за следење на медиумите за изборите, со што изборот на петтиот член на телото би требало да биде олеснет.
    Од претходно беше познато дека Даути и Сефер Тахири беа влезени во најтесниот круг за избор на петтиот член, кој е предвидено да биде Албанец, но четворицата членови на ад хок телото, предложени од партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можеа да постигнат консензус.
    „Бидејќи пат-позицијата е поради самото персонално решение кој ќе го води ад-хок телото, а јас сум еден од двајцата сега веќе спорни кандидатури, јас ве молам мојата кандидатура да ја сметате за непостоечка за таа да не стане пречка за комплетирање на ад хок телото, како и за да не го задржи во заложништво целиот политички процес и да биде пречка за носење одлука за одржување на договорени предвремени избори“, напиша Даути во известувањето за повлекување на кандидатурата.
    За утре е најавена лидерска средба на четирите партии, на која ќе се разговара дали има услови за одржување избори. Еден од условите е формирање на ад хок телото за следење на медиумите за време на изборниот процес.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира