ДЕЛ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОТКАЖАА ОД ДИСКУСИЈАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОТКАКО ЏАФЕРИ НЕ МУ ДОЗВОЛИ НА МИЦКОСКИ ДА СЕ ОБРАТИ ВО СОБРАНИЕТО

    ДЕЛ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОТКАЖАА ОД ДИСКУСИЈАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОТКАКО ЏАФЕРИ НЕ МУ ДОЗВОЛИ НА МИЦКОСКИ ДА СЕ ОБРАТИ ВО СОБРАНИЕТОНа листата дискутанти од опозицијата се останати само имињата на Елизабета Канческа-Милевска, Трајко Вељаноски, Владанка Авировиќ, Нола Исмајлоска и Панчо Минов. - Елизабета Канческа-Милевска на денешната седница (Фото: К. Попов)

    Поголем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пријавени за збор на седницата на уставните измени се откажаа од понатамошна дискусија. Собраниски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека една од причините за ваквиот потег е одбивањето на претседателот на Собранието Талат Џафери да му дозволи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се обрати пред пратениците.

    „Ги повлековме дискусиите, бидејќи беспредметна стана понатамошната дискусија за уставните измени. Нема смисла и веќе нема што понатаму да се зборува. Нека си зборуваат пратениците на парламентарното мнозинство“, велат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се повлекоа од дискусијата.

    На листата дискутанти од опозицијата се останати само имињата на Елизабета Канческа-Милевска, Трајко Вељаноски, Владанка Авировиќ, Нола Исмајлоска и Панчо Минов.  Вкупно останати за дискусија се уште 32-ца пратеници.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира