ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ ЗА ДИРЕКТНО ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО РЕФОРМИТЕ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

    ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ ЗА ДИРЕКТНО ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО РЕФОРМИТЕ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИПретседавачот на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија Хајке Велдман на средбата со собранискиот спикер Талат Џафери. (Фото: Собрание)

    Делегација на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија беше во работна посета на Република Северна Македонија за да добијат појасна претстава за тековните реформи што државата ги спроведува во рамките на процесот на евроатлантските интеграции, соопшти Холандската амбасада во Скопје.

    За време на посетата на 9 и 10 февруари, претседавачот на Постојаниот комитет Хајке Велдман и членот Ане Мулдер се сретнаа со своите колеги од Комисијата за европски прашања на Собранието, претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Делегацијата имаше средби и со претставници од граѓанските организации како и членови на Националниот совет за европски интеграции.

    „Холандија обезбедува континуирана поддршка за зајакнување на капацитетите на македонските институциите на Република Северна Македонија, со посебен акцент на демократизацијата, доброто владеење и владеењето на правото. Ова е четврта посета на делегација на Постојаниот комитет за европски прашања, по претходните посети во 2013, 2016 и 2019 година“, се вели во соопштението.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира