ДЕМНЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТАНУВА КРИВИЧНО ДЕЛО, ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК ПОМИНАА НА ВЛАДА

    ДЕМНЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТАНУВА КРИВИЧНО ДЕЛО, ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК ПОМИНАА НА ВЛАДААко овие законски измени поминат во Собрание, Демнење ќе се казнува со парична казна, но и со затворска казна до три години. - Министерот за правда Бојан Маричиќ (Фото: Влада)

    На Влада поминаа измените на Кривичниот законик со кои се предвидува ново кривично дело „Демнење“ и кое носи строги санкции за вознемирување и преку интернет, кажа денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Ако овие законски измени поминат во Собрание, ова дело ќе се казнува со парична казна, но и со затворска казна до три години.

    „Сега тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, кажа Маричиќ на денешната прес-конференција.

    Тој вели дека станува збор за имплементација на Истанбулската конвенција и законски се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела кои досега кај нас не постоеле, а со нив законски се штитат жените од вознемирување и напади.

    Дополнително, со овие законски измени напад врз новинари ќе се третира исто како напад врз службено лице, a со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено намалување на сумата која што ќе ја плаќаат новинарите за изгубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2.000 евра на максимални 400 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира