ДЕМОНСТРАНТИТЕ БАРААТ СЛОБОДА ЗА НОВИНАРИТЕ ВО МРТВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ БАРААТ СЛОБОДА ЗА НОВИНАРИТЕ ВО МРТВ

    Демонстрантите од Шарената револуција пред зградата Македонска радио телевизија (МРТВ) бараат на новинарите од јавниот дифузен сервис да им се дозволи да известуваат професионално и непристрасно, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Граѓаните скандираат „Слободни медиуми“, а на звучник ечат прислушуваните разговори од бомбите во кои се слуша како се местеле кадрите во Македонската телевизија.

    Со повиците „Дојдете со нас“ и со аплауз, демонстрантите ги поздравија полицајците и им го честитаа Денот на полицијата.

    Претставниците на „Достоинство“ повикаа на едноминутен молк за сите загинати бранители на Македонија.

    Белизе Бенд настапи пред МРТВ со обработка на песна „Каде и да одиш, каде и да шеташ, арамија да си„ (Фото: СДК.МК)

    Белизе Бенд настапи пред МРТВ со обработка на песна „Каде и да одиш, каде и да шеташ, арамија да си„ (Фото: СДК.МК)

    Мотото на вечерашниот протест е: Смрт за режимот, слобода за МРТВ.

    Во Скопје околу 18 часот врнеше многу дожд, но како што маршот се движеше од пред седиштето на СЈО низ центарот на Скопје, на демонстрантите им се придружија повеќе граѓани. Патем беа фрлени неколку балони со боја на оградата на мостот Слобода која чинеше над милион евра.

    На чело на колоната возеше кола со звучници од кои се пуштаа италијанската револуционерна песна „Бела чао“, македонската песна „Неправда“ од легендарната група Лева патика и македонската химна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари