Бесилка направена од ортома демонстрантите закачија на дрвјата спроти Општина Битола за време на вечерашниот протест за оставка на битолскиот градоначалник Влaдимир Талески. Иако судот попладнево изрече куќен притвор за Талески, протестите за негова оставка продолжија. Битолчани скандираа „оставка“ и „робија“. Дел од нив носеа маици со ликот на Тито на кои пишувапше „врати се , се ти е опростено… не сум луд.“
„Очекуваме да се истурка до крај истрагата за Талески, се да се испита, а куќниот притвор да биде само мачкање на очи“, порачаа демонстрантите.
Од полиција не добивме одговор дали тие го обезбедија и лишија од слобода битолскиот градски татко. Пред неговиот стан на улица Бонде Скерлевски не забележавме полициско присуство. Според исвестувањето објавено на веб страницата на Основниот суд Скопје 1, надзорот врз куќиот притвор ќе го врши СВР Битола, при што овластени служени лица во одреден временски интервал ќе проверуваат дали Талески е дома.
Куќен притвор му е изречен за случајот „Транспортер“ во кој е осомничен за организирање на поскап школски превоз од реалните цени.
Талески вечерва требаше да се сретне со членството на ВМРО-ДПМНЕ од Битола во старата општинска зграда за да поразговараат за актуелните политички состојби, но притворот му ги поремети политичките планови. Во негово друштво требаше да бидат и советниците од владеачката партија.