ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО БИТОЛА ЈА ПРЕКИНАА ОКУПАЦИЈАТА НА ЗГРАДАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО БИТОЛА ЈА ПРЕКИНАА ОКУПАЦИЈАТА НА ЗГРАДАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

     

    Битолчани кои протестираа против градоначалникот Владимир Талевски ја ослободија блокадата на зградата во која живее. За време на протсетот тие скандираа „Врати ги парите“ и „Оставка“. Протестот во битолската населба Нова Битола започна со пеење на македонската химна, а по неа се надоврзаа и неофицијалната химна на градот „Битола мој роден крај“.

    На демонстрантите им се приклучија и жители од околните згради.

    За време на протестот зградата и околните улици беа под засилено полициско обезбедување. Не се знае дали за време на протестот Талески беше дома. Протестите за негова оставка  траат веќе пет дена и нема најава за запирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари