ДЕНЕС ЌЕ ПОЧНАМ ДА ГИ РАЗРЕШУВАМ ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИТЕ И ЌЕ НЕМА НОВИ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ТАРАВАРИ

    ДЕНЕС ЌЕ ПОЧНАМ ДА ГИ РАЗРЕШУВАМ ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИТЕ И ЌЕ НЕМА НОВИ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ТАРАВАРИТаравари откако ја презеде министерската функција ги посети хируршките сали на Клиниката за ТОАРИЛУЦ кои беа затворени на 22 мај поради реа од непознат извор. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Новиот министер за здравство Арбен Таравари од денеска ќе почне да ги разрешува економските директори на клиниките. Како што кажа Таравари, за два месецa сите ќе бидат разрешени и повеќе нема да постои функцијата економски директор односно на клиниките ќе има само еден директор.

    Денеска ќе бидат разрешени 7-8 директори од вкупно 14, односно оние на кои им е истечен мандатот за в.д. директор. Како ќе им истекува мандатот в.д. и останатите ќе бидат разрешни. Имаме и директорi кои се со решение и за нив ќе треба да се напрват законски измени. Но, јас очекувам за два месецa повеќе на нема економски директори“, рече Таравари при ги посетата на хируршките сали на Kлиниката за ТОАРИЛУЦ кои беа затворени на 22 мај поради реа од непознат извор, кој уште не е утврден.

    Таравари денеска кажа дека прво што ќе решава како министер е токму овој проблем. Рече дека во нередните два дена ќе ги разгледа сите извештаи и најдоцна до петок ќе соопшти како ќе се решава овој проблем.

    При денешната посета ми беше кажано дека во одредени хируршки сали нема мирис, а во одредени има. Јас очекувам да добијам извештај од досегашните испитувања и да видиме како најбрзо да го решиме овој проблем. Ми треба неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме со решавање на проблемот со отварање на нова набавка и инсталирање на комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи. Се надевам дека до петок ќе имаме одлука“, рече Таравари.

    Министерот потврди дека на Клиниката за кардиохирургија на директорското место е вратен доктор Марјан Шокаровски, кој беше разрешен од претходниот министер Илир Демири.

    На Клиничкиот центар и во другите болници, вкупн има околу 30 економски директори, за што од буџетот само за плати годишно се трошат нешто повеќе од половина милион евра.

    Економските директори во клиниките беа воведени пред 18 години. Во 2006, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори.Тоа беше направено по примерот на менаџирање во банките, па истиот систем се преслика и во јавното здравство – да има еден директор за медицинскиот аспект, и втор за административниот и за финансискиот дел од работата.

    Пред да дојде на власт, СДСМ увиде дека тоа е проблем – па во програмата за вонредните парламентарни избори во 2016 напиша дека ќе ги укине економските директори. И тоа со конкретен рок, до 1 декември 2017. Тоа не се случи. Арбен Таравари како министер во 2017 разреши неколку директори, но системот не го укина. Тоа не го направија ни другите министри за здравство во владите на коалицијата СДСМ-ДУИ, затоа што ДУИ одбиваше да се измени законот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира