ДЕНЕСКА ПАК ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД СЈО И ПРОТЕСТ ПРЕД КРИВИЧНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНЕСКА ПАК ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД СЈО И ПРОТЕСТ ПРЕД КРИВИЧНИОТ СУД

    Шарената револуција за денеска најавува нови акции во Скопје. Пред Основниот суд Скопје 1 во 9.45 часот ќе се протестира за слобода на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење беше одложено трипати, а закажано е за денеска.

    Во 18 часот ќе се протестира вообичаено пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    Здравко Савески и Владимир Куновски се веќе 45 дена во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.

    Ослободување на демонстрантите од притвор е едно од барањата на Шарената револуција.

    Протестот во 18 часот пред седиштето на СЈО е закажан како потсетник на барањата на демонстрантите.

    „Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена“ стои во повикот објавен на Фејсбук страницата на Шарена револуција.

    Уставниот суд ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство, поднесена пред повеќе од 8 месеци.

    На последниот протест во понеделникот, демонстрантите испорачаа неколку барања со рок да се исполнат до 18 јуни. Покрај двете барања за итно ослободување на демонстрантите од обвиненија и за изјаснување на Уставниот суд за уставноста на законот за СЈО, тие побараа и оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари