ДЕНЕСКА ШАРЕНА БЛОКАДА НА ТРИ РАСКРСНИЦИ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНЕСКА ШАРЕНА БЛОКАДА НА ТРИ РАСКРСНИЦИ ВО СКОПЈЕ

    Денеска во 12 часот демонстрантите на Шарена револуција и Протестирам ќе го блокираат сообраќајот во Скопје. Блокади ќе има на 3 раскрсници во центарот на градот и тоа кај Судска палата, кај Црвениот крст и кај Соборниот храм.

    „Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните“, се вели во повикот објавен на Фејсбук страниците на Шарената револуција и на Протестирам, кои апелираат за разбирање и толеранција од скопјани и наместо да се лутат да свирнат за поддршка.

    Блокадата е дел од новите акции, кои ќе ги заменат вечерните протести што безмалку два месеца скоро два месеца секој ден во 18 часот почнуваа пред СЈО.

    Во понеделникот движењата Шарена револуција и Протестирам  побараа до 18 јуни да се исполнат двете клучни барања – Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот врз демонстрантите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари