ДЕСКОСКА И МИЦКОСКИ ЈА ПОВИКАА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ДА КАЖЕ ДАЛИ ТАА МОЖЕ ДА БИДЕ И МИНИСТЕРКА И ЧЛЕН НА ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА

    ДЕСКОСКА И МИЦКОСКИ ЈА ПОВИКАА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ДА КАЖЕ ДАЛИ ТАА МОЖЕ ДА БИДЕ И МИНИСТЕРКА И ЧЛЕН НА ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈАДескоска доаѓа на местото на колешката од „Јустинијан Први“ Тања Каракамишева, која присуствуваше со Мицкоски на лидерски средби. (Фото: СДК.МК)

    Советот на Европа ја прифати номинацијата на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венециската комисија како македонски претставник, со што таа и официјално од вчера е на ова место. На престижната функција досега Македонија ја претставуваше професорката од Правниот факултет и правен советник на ВМРО-ДПМНЕ, Тања Каракамишева.

    Мандатот во Венециска комисија е 4 години.

    Неизвесно е дали Дескоска ќе остане на министерската функција. Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и самата таа, ја повикаа Антикорупциската комисија да испитаат дали со нејзиното именување, има судир на интереси, односно дали до изборите таа може да биде и министерка за правда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира