ДЕЦА УКРАЛЕ АВТОМОБИЛ И ПРОПАДНАЛЕ ВО ДУПКА КАЈ „СИТИ МОЛ“

    ДЕЦА УКРАЛЕ АВТОМОБИЛ И ПРОПАДНАЛЕ ВО ДУПКА КАЈ „СИТИ МОЛ“Нема посериозно повредени во сообраќајната несреќа кај „Прокредит“ банка во Карпош. (Фото: СДК.МК)

    Автомобил Пежо утринава пропадна во дупка од градежни активности кај „Прокредит“ банка близу „Сити Мол“ во скопската населба Карпош.

    „Околу 7-8 часот во ургентниот центар на болницата ‘8 Септември’ биле донесени три деца, кои наводно украле возило и при возење пропаднале во дупката. Прегледани се и бидејќи немале посериозни повреди, однесени се во полициска станица“, велат извори од болницата за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Од МВР велат дека сè уште проверуваат за што станува збор.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира