Деветтемина обвинети за кривичното дело учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност за време на организираниот напад во Собранието на 27 април добија условни казни откако претходно признаа вина на денешното судење во Основниот суд Скопје 1.
Димче Христовски-Жабата доби петгодишна условна казна, период во кој ако го повтори делото му се активира затворска казна од една и пол година. Останатите осуммина добија условни казни од една година.
На рочиштето, на кое присуствува сите обвинети, Ангеле Зафировски прво се изјасни како невин, а по кратко време ја смени одлуката и ја призна вината. Адвокатите на обвинетите немаа забелешки на обвинението.