ЏАФЕРИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ ОД ПЕНДАРОВСКИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

    ЏАФЕРИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ ОД ПЕНДАРОВСКИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДАЏафери утре треба до Собранието да ги достави програмата и составот на техничката влада, а изборот на владата треба да се случи в недела. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за формирање влада на досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери. Џафери треба да ја предводи техничката влада за спроведување на парламентарните избори на 8 мај.

    „Со задоволство и потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата, со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот, составот на Владата и преговорите за составот на Владата ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата, рече Џафери.

    Џафери утре треба до Собранието да ги достави програмата и составот на техничката влада, а изборот на владата треба да се случи в недела.

    Во составот на техничката влада треба да влезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ со двајца министри. За министер за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, додека за министер за труд и социјална политика кандидат е Ѓоко Велковски.

    Претходно денеска, Собранието ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а пратеникот Јован Митрески од СДСМ беше избран за претседател на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира