ЏАФЕРИ ГО ИСПРАШУВАШЕ МИЛОШОСКИ ЗА ДА МУ ДОКАЖЕ КОЛКУ ИМ СЕ БЕСМИСЛЕНИ МЕЃУСЕБНИТЕ РЕПЛИКИ

    ЏАФЕРИ ГО ИСПРАШУВАШЕ МИЛОШОСКИ ЗА ДА МУ ДОКАЖЕ КОЛКУ ИМ СЕ БЕСМИСЛЕНИ МЕЃУСЕБНИТЕ РЕПЛИКИСпикерот Џафери го праша пратеникот Милошоски кога била потпишана Јадранската повелба. - Антонијо Милошоски и Талат Џафери за време на расправата за законот за јазици (Фото: О. Теофиловски)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери му се уфрли во збор на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски додека зборуваше за интеграцијата на Македонија во НАТО и го праша која година била потпишана Јадранската повелба во обид да им докаже на опозициските пратеници од десетте пратенички групи колку им е, како што кажа тој, бесмислено меѓусебното реплицирање за време на расправата за законот за употреба на јазици.

    „Ова за екстерно е сега?“, одговори со прашање Милошоски.
    „Која година беше Јадранската повелба?“, го повтори прашањето Џафери.
    „Беше потпишана од покојниот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател на Албанија Мојсиу и од поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ. Тие го потпишаа тоа во 2005 година“, одговори од вторпат Милошоски.
    „Која? Министер за надворешни работи си бил, Јадранската повелба е потпишана во 2003 година. Ова е политичко екстерно“, искоментира Џафери.

    Џафери потоа побара и од следниот говорник од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија да престанат со бесмислената расправа, а реагираше и зошто над 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се пријавуваат за реплика уште пред да каже еден збор пријавениот говорник.

    Во 18 часот Џафери ја прекина седницата и го закажа продолжението за утре во 11 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира