ЏАФЕРИ МОЖЕШЕ ДА ГО ТРПИ ГРУЕВСКИ КОГА САКАШЕ ДА СЕ ТЕПА СО НЕГО, А СЕ НАВРЕДИЛ ОД ЗЕКИРИ, КАЖА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

    ЏАФЕРИ МОЖЕШЕ ДА ГО ТРПИ ГРУЕВСКИ КОГА САКАШЕ ДА СЕ ТЕПА СО НЕГО, А СЕ НАВРЕДИЛ ОД ЗЕКИРИ, КАЖА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го испрска со вода претседателот на Собранието Талат Џафери, па му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од Груевски, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка пред гласањето за Законот за употреба на јазиците на 14 март 2018. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот Павле Богоевски искоментира дека претседателот на Собранието Талат Џафери можел да го трпи експремиерот Никола Груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици, откако Џафери рече дека ја прекинал седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски поради однесувањето на пратеникот Мухамед Зекири. Богоевски, кој е претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, рече и дека Џафери ја прекинал седницата, бидејќи ДУИ сè уште е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

    „Талат Џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Мухамед Зекири. Не знаев дека ’лавот од Форино‘ бил толку чувствителен. А можеше да го трпи криминалецот Груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици. Не, Талат. Ти ја прекина седницата бидејќи сѐ уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на ДПМНЕ. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата. По парламентарните избори, го извадивме ДУИ од ВМРО. Очигледно, не успеавме да го извадиме ВМРО од ДУИ“, напиша Богоевски на Фејсбук веднаш по прес-конференцијата на Џафери во Собранието.

    Артан Груби од ДУИ претходно рече дека Зекири од место го навредувал спикерот.

    Ноќеска, Џафери ја прекина собраниската седница и воопшто не се гласаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, еден од шестемина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, и за него се бара притвор поради можност за бегство и влијание врз сведоци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира