БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ЏАМБАСКИ ГИ НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, ТРЕБА ДА СЕ РЕАГИРА, КАЖА СЛОВЕНЕЧКАТА МИНИСТЕРКА ТАЊА ФАЈОН

    БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ЏАМБАСКИ ГИ НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, ТРЕБА ДА СЕ РЕАГИРА, КАЖА СЛОВЕНЕЧКАТА МИНИСТЕРКА ТАЊА ФАЈОНСловенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон денеска во посета на Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вели дека изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е навреда за македонските граѓани и секоја провокативна, неприфатлива и навредлива изјава бара реакција. На заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи, таа кажа дека се надева дека Македонија ќе испрати дипломатска нота, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Џамбаски.

    Бугарскиот европратеник во видео на Фејсбук, стоејќи пред карта на голема Бугарија, кажа, меѓу другите навреди, дека Македонија нема никаква историја пред 1944 година и дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците.

    „Министерот Османи утрово ме извести и за овој немил настан на Џамбаски. Се надевам дека денеска ќе испрати дипломатска нота. Станува збор за навреда кон граѓаните на Република Македонија и јас бев сведок и ги осудував неговите активности и изјави. Сите тие провокации во период кога државите обезбедуваат една позитивна средина во вакви услови, ги повикувам сите пријатели во соседна Бугарија да се воздржат од несоодветни коментари кои внесуваат раздор, нерасположение и конфликти помеѓу населението“, рече Фајон.

    Министерот Османи кажа дека денеска ќе биде испратена нота до официјална Софија по повод изјавата на Џамбаски и дека очекува реакција и од бугарските власти.

    Османи вели дека МНР морало да реагира, иако се обидувало да го игнорира Џамбаски кој постојано провоцира за себепромоција.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира