ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ БАРААТ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ИЗГЛАСААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ИНСУЛИН ВО БУЏЕТОТ ЗА 2018

    ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ БАРААТ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ИЗГЛАСААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ИНСУЛИН ВО БУЏЕТОТ ЗА 2018Дијабетичарите бараат зголемување на ставката за инуслини оти таа е иста како во времето на ВМРО-ДПМНЕ - Дел од пратениците на СДСМ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дијабетичарите побараа од Собранието зголемување на буџетот за набавка на инсулини и други лекови за третирање дијабетес затоа што количините што се предвидени се недоволни, а инуслините што ги примаат се неквалитетни.

    Со писмо од Асоцијацијата за детски дијабет Баланс испратено до пратениците се бара ревидирање на владината одлука  буџетот за дијабетес да остане ист како и во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

    За 2018 година се предвидени 620 милиони денари и не е предвидено зголемување на средствата во однос на 2017 година. Од Здружението предупредуваат и дека  најголемиот дел од инсулините се набавуваат од Турција.

    Тие тврдат дека поради неквалитетно третирање на дијабетесот се јавуват компликации кои ја чинат државата 3 пати повеќе отколку самото третирање на дијабетесот. Според годишниот извештај на ФЗОМ за 2016 година најголема ставка во трошоците за лекување по дијагноза се болестите на циркулаторниот систем за кои се потрошени повеќе од 1,7 милијарди денари, а голем процент се предизвикани поради лошо третиран  дијабетес. Исто така повеќе од 1 милијарда денари се потрошени само за дијализа која во голем дел кај пациентите е предизвикана од дијабетесот. Тоа е само дел од трошоците кои се користат за лекување на компликации од дијабетесот.

    Во Македонија има 188 илјади луѓе со дијабетес, или 12.2 % од вкупната популација. Од нив повеќе од 40.000 се корисници на инсулинска терапија и нивниот број се зголемува.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира