Сите 43 приговори поднесени за гласањето во првиот круг од локалните избори се одбиени од Државната изборна комисија на маратонската седница, која што почна вчера во 10 часот и заврши утрово, објави агенцијата „Мета“.
Од вкупно 43 приговори по кои што одлучуваше ДИК, 40 беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ТМРО, Алијанса за Албанците и Левица.
Против одлуките на ДИК, партиите во рок од 24 од приемот на решенијата можат да поднесат жалба до Управниот суд, кој, пак, е должен по приемот на жалбата да донесе одлука во рок од 48 часа.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.