ДИК ЌЕ ДОБИЕ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ДИК ЌЕ ДОБИЕ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗБОРИТЕ

    Државната изборна комисија (ДИК) побара од Министерството за финансии 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, објави агенцијата „Мета“. Тоа е истата сума што ДИК ја побара и за одложените избори на 5 јуни.
    Министерството за финансии за „Мета“ изјави дека ќе обезбедат пари за предвремените парламентари избори.
    „Министерството за финансии ќе обезбеди средства за предвремените парламентарни избори“, вели Министерство за финансии.
    Во буџетот за 2016 година за Државната изборна комисија беа предвидени 531.375.000 денари, а потоа, бидејќи не беше утврден датум за избори, со ребалансите таа сума беше намалена на 103.875 денари.
    ДИК денеска ќе одржи седница на која треба да се усвои роковникот за активностите на ДИК до изборите.
    Денеска и Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека Владата донела одлука на агенцијата да ѝ бидат исплатени ветените 9,2 милиони денари (околу 150.000 евра) за финансирање на набљудувањето на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира