ДИК НЕ ЗНАЕ КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ЧИНАТ ИЗБОРИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК НЕ ЗНАЕ КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ЧИНАТ ИЗБОРИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА

    Државната изборна комисија нема податоци колку милиони евра ќе ја чини државата гласањето во дијаспората. Официјалниот одговор на ова прашање во ДИК е оти на крајот ќе се знае, бидејќи не се пресметани уште сите авионски карти и дневниците што треба да им се платат на членовите на Избирачките одбори кои треба да го спроведат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва.

    Дополнително ќе се пресметува и колку ќе се доплаќа за багажот со избирачки материјали кој одовде треба со себе да го понесат одборите. Тој не е под 10 килограми, што значи, велат од Комисијата, ќе треба за летовите кои не се директни, багажот да се плаќа по двапати. На пример, за избирачкиот материјал ДИК еднаш ќе плати на полетувањето од од Скопје до Виена и уште еднаш, на полетувањето од Виена за Њујорк.

    Членовите на Избирачките одбори кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората денеска гласаат во ДИК. Принципот на гласање е ист како на минатите парламентарни и претседателски избори, најпрвин проверка на палецот со ласер, па идентификација и на крајот, прскање со спреј на палецот на гласачот. Новина се само фотографиите од лична карта во Избирачкиот список, покрај името и презимето на избирачот.

    До вечер до 19 часот треба да гласаат 325 членови на ИО, колку што ќе патуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и во конзуларните канцеларии на РМ во странство.

    Гласачите во дијаспората ќе гласаат во 41 дипломатско-конзуларни претставништва и во конзуларни канцеларии еден пред изборите, односно во сабота на 10 декември од 7 до 19 часот по локално време. Вкупно пријавени гласачи во ДКП-ата, според ДИК, има 20.629 наши иселеници.

    Најмногу пријавени за гласање има во Берн 4.256, во Венеција 2.724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168, Мелбурн 1.112.

    В сабота ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор, како и болни и немоќни лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира