ДИК ОСТАНУВА ДА СЕ БИРА СО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, КАЖА МИЦКОСКИ

    ДИК ОСТАНУВА ДА СЕ БИРА СО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, КАЖА МИЦКОСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерските средби доаѓа придружуван од Тања Каракамишева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: К. Попов)

    По премиерот Зоран Заев, од лидерската средба во Клубот на пратеници излезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој рече дека се надоврзува на изјавата на Заев.

    „Предлог измените на Изборниот законик во Собранието за начинот на избор на Државна изборна комисија се повлекуваат. Останува стариот модел на гласање на составот на ДИК со двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ доби гаранции за измена на Законот за Влада, според кои на 100 дена пред избори отсега натаму на сите избори во Македонија, без разлика дали ќе бидат предвремени или во редовен термин ќе се воспостави концептот на Пржинска влада. На тој начин опозицијата ќе се чувствува комотно“, изјави Мицкоски.

    Тој вели дека во втората половина од денот, на лидерската средба продолжуваат да разговараат за референдумското прашање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира