ДИМИТРОВ ВЕЧЕРВА НА СРЕДБА СО КОЅИЈАС ВО ВИЕНА, УТРЕ СО НИМИЦ

    ДИМИТРОВ ВЕЧЕРВА НА СРЕДБА СО КОЅИЈАС ВО ВИЕНА, УТРЕ СО НИМИЦОд средбата на Димитров и Коѕијас во Скопје на 31 август минатата година (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва во Виена ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, соопшти Министерството за надворешни работи.

    Утре, пак, двајцата министри ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, додаваат од министерството.

    Премиерот Зоран Заев на 7 февруари кажа дека став на Владата е дека е прифатливо име со географска одредница и тогаш најави дека неделава ќе има средба помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари