ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО „ПАНАЈОТ ГИНОВСКИ” ВО БУТЕЛ ГО ПРИЈАВИ НАСТАВНИКОТ ШТО ТЕПА УЧЕНИК

    ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО „ПАНАЈОТ ГИНОВСКИ” ВО БУТЕЛ ГО ПРИЈАВИ НАСТАВНИКОТ ШТО ТЕПА УЧЕНИКСпоред видеото објавено на социјалните мрежи, наставникот го тепа, вика, крева во раце и го спушта на земја дете, ученикот. (Фото: ТикТок)

    Директорката на основното училиште „Панајот Гиновски” од Бутел, денеска во полициска станица поднеа целосен извештај за наставникот кој според видеото објавено на социјалните мрежи, тепа, вика, го крева во раце и го спушта на земја дете, ученик од едно од одделенијата во училиштето.

    „Денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа ‘Тик-Ток’. Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот. Известен е и јавен обвинител“, велат од МВР.

    Во МВР велат дека таа се јавила уште синоќа во полиција, кога всушност потврдила дека видеото е автентично, тоа е од сега, училницата е од „Панајот Гиновски”, наставникот предава во тоа училиште, нападнатиот ученик учи таму.

    Видеото го снимил соученик на нападнатото дете.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира