ДИРЕКТОРОТ НА УБК ГО ИЗБРКАЛ ИСТРАЖИТЕЛОТ НА СЈО

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:337:"НесеогласуваниОсновниотсудСкопје1којгииздадесудскитенаредбизапретреснаУБК,нитупакСудскиотсоветкојсегрижизазаконитостинепреченоизвршувањенасудскитепостапки";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИРЕКТОРОТ НА УБК ГО ИЗБРКАЛ ИСТРАЖИТЕЛОТ НА СЈО

    Директорот на УБК Владимир Атанасовски го избркал истражителот на СЈО додека специјалната обвинителка Катица Јанева била на интервју во Телевизија Телма, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори во МВР кои зборуваат во услови на анонимност бидејќи не се овластени да даваат изјави.

    Во моментов Јанева се наоѓа повторно во УБК заедно со избрканиот истражител кого таа го оставила на дежурство кој ја чекал во кругот на МВР, велат истите извори.

    Неофицијално таму е и министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не беше достапен да каже дали интервенирал кога еден истражител беше приведен во полициската станица Центар, а друг беше избркан од просториите на УБК каде што СЈО постапува по две судски наредеби за одземање документи и компјутерски записи.

    Не се знае што се случувало во тие неколку часа додека истражителот бил отстранет од просториите на УБК.

    Не се огласува ни Основниот суд Скопје 1 кој ги издаде судските наредби за претрес на УБК, ниту пак Судскиот совет кој се грижи за законитост и непречено извршување на судските постапки.

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека приведениот истражител на СЈО бил неосновано задржан од полицијата. Таа, пред полициската станица Центар во Скопје, каде беше задржан нејзиниот истражител, рече и дека си го земале истражителот со нив и тој ќе оди во просториите на СЈО.

    На новинарско прашање, дали приведениот истражител следел поранешен висок функционер во УБК, Јанева немаше коментар и упати на командирот на полициската станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира