ДНЕВНА ЕВТИНА СТРУЈА ОД УТРЕ ЌЕ ИМААТ САМО ДОМАЌИНСТВАТА ЧИИ БРОИЛА СЕ СЕТИРАНИ

    ДНЕВНА ЕВТИНА СТРУЈА ОД УТРЕ ЌЕ ИМААТ САМО ДОМАЌИНСТВАТА ЧИИ БРОИЛА СЕ СЕТИРАНИЕВН од утре ќе почне да ги сетира броилата, па граѓаните пред да ја користат дневната евтина тарифа треба да проверат дали им е извршено сетирање.(Фото:СДК.МК)

    Евтина струја од утре нема да имаат сите домаќинства тука само они чии броила се сетирани. ЕВН од утре ќе почне да ги сетира броилата, па граѓаните пред да ја користат дневната евтина тарифа треба да проверат дали им е извршено сетирање.

    „Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се сетираат на лице место. Од 1 декември ќе влегува во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. На екранот на броилата се појавува ознака Т1 за висока тарифа и Т2 за ниска тарифа, што значи дека во зависност од периодот на денот се појавуваат и се активни соодветните ознаки на екранот“, велат од ЕВН.

    Корисникот може да препознае дали му е сетирано броилото на евтина тарифа од 13 до 15 часот  доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период.

    Дневна тарифа на струјата ќе има во периодот од 13 до 15 часот. Како што велат од регулаторната комисија за енергетика со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира