20,52 отсто од избирачите излегле на гласање до 13 часот во вториот круг од претседателските избори, соопшти Државната изборна комисија по обработени 99,11 отсто од избирачките места.
Тоа се 367,692 од вкупно 1,808,131 гласачи. За да биде успешен вториот круг, неопходно е да гласаат 40 отсто од избирачите, т.е. 723.252 гласачи. Во првиот круг, излезноста до 13 часот беше 20,05 отсто.
По општини, најголема излезност има во Крива Паланка со 39,69%, по што следуваат Крушево со 34,33%, Прилеп со 33,84% и Кратово со 33,82%. Најмалку гласачи излегле во Желино со 4,22%, па Врапчиште со 6,12% и Боговиње со 6,21%.
Во Охрид и Ново Село денеска се одржува и вториот круг од изборите за градоначалник.