ДО ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТАТА ЗА 78 ОТСТО СУДИИТЕ БЕА АЖУРНИ И БРЗИ, А СЕГА БИЛЕ МНОГУ УМОРНИ И ИСТОШТЕНИ, ПА СУДСКИОТ СОВЕТ ЌЕ ИМ ЈА НАМАЛУВА НОРМАТА

    ДО ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТАТА ЗА 78 ОТСТО СУДИИТЕ БЕА АЖУРНИ И БРЗИ, А СЕГА БИЛЕ МНОГУ УМОРНИ И ИСТОШТЕНИ, ПА СУДСКИОТ СОВЕТ ЌЕ ИМ ЈА НАМАЛУВА НОРМАТАОрганот што бира, унапредува и разрешува судии, критикува зошто фалеле судии во судовите. (Фото:СДК.МК)

    Судскиот Совет кој до пред само еден месец, додека да го добијат покажувањето на платите од плус 78 проценти, ги фалеше судиите и судовите дека биле ажурни и го совладувале приливот на предмети, вчера расправаше за намалување на месечната норма.

    Членовите на Советот сега низ бројки презентираа обратна приказна. Редеа примери во различни судови дека судиите имале многу работа, не можеле да постигнат со приливот и оти треба да се утврди помала бројка на предмети што треба да ги реши судија на месечно ниво.

    Она што падна во очи е потенцирање на судовите со намален број на судии, без ронка лична вина. Судиите ги бира, унапредува и разрешува токму Судскиот совет, а таму веќе подолго време поради политички пазарења и уцени на кои подлегнуваат членови на Советот, не може да се изберат судии во Врховниот и во Апелациониот суд Скопје, кои се можеби најважните судови во државата.

    Од 630 судиски места по систематизација, моментално има околу 380 судии, што се уште Македонија ја држат на врвот земји со најголем број судии по глава на жител.

    Одлука за нормата на предмети што мора судија да ги сработи за еден месец ќе се носи на наредната седница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира