ДОГОДИНА ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ УШТЕ 20 ИНСПЕКТОРИ ВО ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА

    ДОГОДИНА ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ УШТЕ 20 ИНСПЕКТОРИ ВО ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈАДиректорот Стојко Пауновски, кој пред две недели се пожали дека 37 лица ќе одат во пензија, а Министерството за финансии не им одобрува нови 20 вработувања, денеска кажа дека добил ветување од Владата дека тоа ќе се реализира догодина. (Фото: СДК.МК)

    Догодина ќе има нови вработувања во Пазарната инспекција, која сега има недостаток на вработени, а секојдневно треба да вршат контроли за почитување на ковид протоколите. Директорот Стојко Пауновски, кој пред две недели се пожали дека 37 лица ќе одат во пензија, а Министерството за финансии не им одобрува нови 20 вработувања, денеска кажа дека добил ветување од Владата дека тоа ќе се реализира догодина.

    „Работите тргнаа од мртва точка, не само за Пазарен инспекторат туку и за другите инспекторати каде се потребни инспектори. Направена е анализа на она што е потребно. Ние имаме вишок на администрација, но тој вишок не можеме да го преземеме во инспекциските служби. Владата ни вети дека ќе ни излезе во пресрет и ќе ги добиеме барем тие 20 инспектори“, рече Пауновски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

    Пауновски кажа дека последниве десетина дена граѓаните, но и кафулињата и рестораните почнале да ги почитуваат протоколите.

    „Не постои место каде не постапуваат државните инспектори. Затоа и последнава недела намалени се кривичните пријави, луѓето сфатија дека инспекторите се на терен и дека треба да го почитуваат протоколите. Совеста  и свеста кај граѓаните и кај стопанските субјекти се враќа“ додаде Пауновски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира