ДОКТОР ОД КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА ПРОБОДЕН СО НОЖ НА ВЛЕЗОТ НА КЛИНИЧКИ

    ДОКТОР ОД КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА ПРОБОДЕН СО НОЖ НА ВЛЕЗОТ НА КЛИНИЧКИ

    Доктор од Клиниката за токсикологија вчера вечер околу 19.30 часот е прободен со нож од непознато лице. Повредениот лекар е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.

    Д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија, вели дека настанот се случил околу 19.30 кога нивниот колега доаѓал на работа, бидејќи дежурството му почнувало во 20 часот.

    „Од непознато лице колегата е прободен на влезот во Клинички. Тој требаше да биде дежурен ноќта и смената му почнуваше од 20 часот. Според информациите што ги имаме тој е надвор од животна опасност“, вели Беќароски.

    Од МВР се уште не го потврдија случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира