ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ИМА, АМА СИТЕ САКААТ ВО СКОПЈЕ ДА ОСТАНАТ, А СИТЕ ГРАЃАНИ ПЛАЌААТ ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ Д-Р ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВА

    ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ИМА, АМА СИТЕ САКААТ ВО СКОПЈЕ ДА ОСТАНАТ, А СИТЕ ГРАЃАНИ ПЛАЌААТ ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ Д-Р ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВАД-р Чолакова-Дервишова вели дека многу проблеми се наталожени со години и не може да се решат, во краток рок. (Фото: К. Попов)

    Термини за специјалистички прегледи нема или тешко се доаѓа до нив, реагираат матичните доктори. За оваа појава по пандемијата на ковид-19 посочува д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

    „Термини има ама како да нема, не можат да се закажат специјалистички термини. Или ако има термини, тие се малку за потребите на граѓаните, на пациентите. Доктори специјалисти има, но се сконцентрирани во Скопје. Пример од Велес каде јас работам, во болницата нема кожен, ушен нема, еден е очен доктор, еден трансфузиолог, десеткуван е кадарот. Или пак апаратите не работат па мора пациентите да се праќаат во Скопје или друг град. Прашање е и дали специјализантите ќе се вратат во институцијата од која се испратени, бидејќи тие лобираат да останат во Скопје на клиниките. Да не заборавиме, сите граѓани плаќаат здравство“, вели д-р Чолакова-Дервишова.

    Таа предупредува дека пациенти со тешки белодробни болести од Велес ќе бидат изложени на дополнителни трошоци, бидејќи единствениот доктор пнеумофизиолог од Велешката болница до крајот на годината ќе оди во пензија. Појаснува дека со неговото заминување, матичните лекари ќе мора да ги преупатуваат овие пациентите кои редовно примаат медицинска терапија, да добијат рецепт во sпецијализираната болница во Јасеново или во Скопје. Додава дека многу проблеми биле наталожени со години и не може сè да се реши, во краток рок.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира