ДОКТОРКА МАСОВНО ИЗДАВАЛА ПОТВРДИ ЗА НЕПОДВИЖНИ ЛИЦА ЗА ДА ГЛАСААТ ДЕН ПРЕД ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОКТОРКА МАСОВНО ИЗДАВАЛА ПОТВРДИ ЗА НЕПОДВИЖНИ ЛИЦА ЗА ДА ГЛАСААТ ДЕН ПРЕД ИЗБОРИТЕ

    Лекарка специјалист по интерна медицина од Скопје масовно на пациенти издавала специјалистички извештаи со дијагноза дека се неподвижни лица, за да гласаат во сабота дома.

    САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Скопското обвинителство дознава дека против М.И. лекар специјалист во јавната здравствена установа “Геронтолошки завод 13 ноември“ веќе е отворена предистражна постапка, за кривично дело издавање и употреба на невистинито лекарско уверение. Лажните уверенија лекарката М.И. ги издала на 25. и на 28. ноември. На 25. ноември таа за три часа издала 15 специјалистички упати и исто толку субспецијалистички извештаи, а на 28 ноември за само 38 минути испечатила 14 специјалистички упати и исто толку специјалистички извештаи, за лица за кои напишала дека имаат отоци на зглобовите и оти се неподвижни. Се работи вкупно за 29 лекарски уверенија што ги издала М.И.

    Овие извештаи роднините на “неподвижните“ 29 гласачи ги доставиле во Државната изборна комисија. ДИК првин ги прифатила, но откако се информирала за случајот, Општинската изборна комисија Ѓорче Петров повторно ќе ги отвора лекарските извештаи за наводна болест и изнемоштеност на овие 29 гласачи.

    Предистражните дејствија ги опфаќаат и 29-темината пациенти кои бараат да гласаат во домашни услови, како соучесници во фалсификатот на лекарката. Извештаите од кај лекарката наводно ги подигнале роднини на неподвижните кои сакаат да гласаат во сабота, но никаде нема нивни потписи. Освен тоа, осомничената лекарка нема доказ дека овие пациенти ја платиле партиципацијата од 60 денари.

    Истрагата проверила некои од неподвижните кои фингирале тешки болести со лекарката од Геронтолошкиот завод и констатирала дека едната од нив, Ј.А., активно работи како хигиеничарка во гимназијата Никола Карев и нема земено боледување, Д.Н. си работи во Жито Лукс, оти и тој е здрав, Двајцата имаат дијагноза““Тешко се движи, не се движи, има отоци на зглобовите“…

    Органите на прогонот велат дека бројката на изнемоштени и болни лица расте пред секои избори. Неофицијално, од околу 25 илјади уверенија од цела Македонија годинава, за неможност да се гласа на денот на изборите, туку во домашни услови ден пред изборите, ДИК досега прифатила само 6. 789.

    Рекордот го држи Крушево, каде 400 имале уверенија за изнемоштеност и неподвижност.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари