ДОЛНИОТ ДОМ НА ШПАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ, ОСТАНА УШТЕ СЕНАТОТ ЗА ДА СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО

    ДОЛНИОТ ДОМ НА ШПАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ, ОСТАНА УШТЕ СЕНАТОТ ЗА ДА СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО„За“ ратификација гласаа 279 шпански пратеници, а „против“ беше еден. - Резултатот од гласањето (Фото: Шпански парламент)

    Долниот дом на шпанскиот парламент денеска го ратификуваше пристапниот протокол за НАТО на Северна Македонија и за полноправно членство останува уште ратификацијата да помине во Сенатот. „За“ ратификација гласаа 279 шпански пратеници, а „против“ беше еден. Сите останати 28 земји членки на НАТО го имаат ратификувано протоколот.

    „Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против. Многу ви благодарам. Следната и последна станица: Сенатот …“, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук.

    Протоколот е ратификуван и во македонскиот парламент, но со одложено дејство, кое ќе стапи во сила по целосната ратификацијата во дводомниот шпански парламент.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира