ДОЗВОЛЕНО ДВИЖЕЊЕ ОД 5 ДО 14 ЧАСОТ ЗА ПРВОМАЈСКИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД

    ДОЗВОЛЕНО ДВИЖЕЊЕ ОД 5 ДО 14 ЧАСОТ ЗА ПРВОМАЈСКИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНДЗадолжително е носење на заштитни маски на ниво на цела држава. (Фото: К. Попов)

    Владата одлучи дека на 1,  2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот  до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден, соопштија од Владата.

    За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот до 11 часот.

    Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира