ДРЖАВЈАНСТВОТО ОСТАНУВА МАКЕДОНСКО, СО БЕСА ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ФОРМУЛАЦИЈАТА, ВЕЛИ ЗАЕВ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ДРЖАВЈАНСТВОТО ОСТАНУВА МАКЕДОНСКО, СО БЕСА ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ФОРМУЛАЦИЈАТА, ВЕЛИ ЗАЕВ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ@Ќе видиме на првиот амандман. Не можам да кажам во моментов дали ќе има 80 пратеници“, одговори Заев на прашањето дали има двотретинско мнозинство за уставните измени. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев за преговорите со Беса на Биљал Касами вели дека се разговара околу техничката формулација на државјанството „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ во уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа. Како што кажа Заев, станува збор за игра на зборови.

    „Во делот на процесите на преговорите повеќе учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките во јавноста, уште еднаш ќе кажам дека БЕСА е принципиелно поставена, како што се и осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои се први, не е единствени, заштитници на идентитетот македонски. Суштината на БЕСА е преку формулацијата ’македонско/граѓани на Република Северна Македонија‘ да не се остави впечаток дека Албанците Турците, Србите Власите Бошњаците и Ромите ќе бидат Македонци. Се изнаоѓаат техничките аспекти на решението. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. БЕСА не бара да се смени идентитетот. Како државјанството за сите да биде ’македонско/граѓани на Република Северна Македонија‘, а сепак Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, бидејќи не се Македонци. Македонците не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бара да биде загрозен идентитетот. Истовремено, па и ние Македонците немаме намера нечија етничко припадност или етничко чувство да го нарушиме. Во тој дух се движат разговорите. Играта на зборовите е важна. Ќе се обидам да ги парафразирам зборовите: ’маќедонис‘ не е исто како ’македоник‘, на албански како се преведува, дали си Македонец или си ’на Македонија‘. Ако бидеме креативни ќе го најдеме решението, како тоа да биде формулирано“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешното доделување на првиот сертификат за овластен економски оператор.

    Прашан дали ќе има двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени на денешната седница во Собранието, тој не даде конкретен одговор.

    „Вкупната бројка ќе се знае на самиот акт на гласање. Ќе видиме на првиот амандман. Не можам да кажам во моментов дали ќе има 80 пратеници“, кажа Заев.

    Седницата е закажана е за 13 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира