ДРЖАВНИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТАТА ОД НАД 2.000 ДЕНАРИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ

    ДРЖАВНИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТАТА ОД НАД 2.000 ДЕНАРИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИМинистерот за економија Крешник Бектеши вели дека никој не би се спротивставил на вакво зголемување на платите и ако е потребно, ќе се донесе и законско решение. - Шалтер во ПИОМ (Фото: СДК.МК)

    Од март годинава минималната плата би требало да биде околу 20.500 денари и поради тоа сите вработени во државната администрација ќе добијат линеарно покачување на платата од над 2.000 денари, кажа денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека средствата за ова покачување се обезбедени во буџетот за 2023 година.

    „Ние воведовме законско решение во делот на утврдување на минималната плата. Не со административна одлука на одредена плата или на некое министерство. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите каде согласно сите податоци од претходната година, минималната плата во март би требало да биде околу 20.500 денари и во јавниот и приватниот сектор и тие средства се предвидени во сите институции во буџетот за 2023 година. За да има еднаквост, треба за 2.000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација“, кажа Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за владините мерки за поддршка на граѓаните.

    Министерот вели дека никој не би се спротивставил на вакво зголемување на платите и ако е потребно, ќе се донесе и законско решение.

    „Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме сè што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како влада“, вели Бектеши.

    Сега, минималната плата е 18.000 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира