ДУИ БИ ОДЕЛА СО ВМРО-ДПМНЕ, АМА БЕЗ ФИГУРИТЕ ПОД ИСТРАГА, МИСЛИ БУЈАР ОСМАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ БИ ОДЕЛА СО ВМРО-ДПМНЕ, АМА БЕЗ ФИГУРИТЕ ПОД ИСТРАГА, МИСЛИ БУЈАР ОСМАНИ

    ДУИ би правела влада со ВМРО-ДПМНЕ, но без функционерите кои се под истрага, објави синоќа Бујар Османи, портпарол на партијата.

    Тој во емисијата „200“ на телевизијата АлсатМ,  на прашањето доколку ДУИ успее  да направи Влада со ВМРО-ДПМНЕ,  дали максимално ќе инсистира  фигурите кои се под истрага да не бидат дел од извршната власт, одговори: „Мислам да“.

    На прашањето на новинарот Назим Рашиди дали неговиот директен одговор значи дека неприфаќањето на тоа барање на ДУИ, може повторно да биде некаква основа за да се избегне начелото “победник со победник“, одговори: “Јас реков дека се е можно“.

    „Можеби ќе се донесе одлука која ќе го прекрши начелото“, изјави Османи.

    „Јас знам, ние знаеме дека последиците по прекршувањето на начелото ќе бидат многу тешки за Албанците. По другите изборни циклуси, не можам да кажам која одлука ќе доминира за време на овие анализи. Останаа уште три-четири дена, но сметајте дека платформата е услов без кој не се може, албанскиот јазик е услов без кој не се може и  конкретно  прецизирање на патот на интеграции е услов без кој не се може со која било политичка партија која може да направи влада или ако не, ќе одиме на предвремени избори“, рече портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

    Специјалното обвинителство има отворено истраги за сомнеж за сторен криминал против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешните министри Гордана Јанакуловска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска, Сашо Мијалков и други партиски високи функционери. Против лидерот Груевски е покренато и едно обвинение.

    Само неколку дена претходно, за време на посетата на Вашингтон портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на 22 јануари во интервју за „Гласот на Америка“ на албански јазик рече дека во Македонија се врши притисок за непочитување на Мајскиот договор и принципот според кој „победникот кај албанската заедница го избира партнерот победник кај македонската заедница“.

    За разлика од него, потпретседателката на ДУИ Теута Арифи за АлсатМ изјави дека принципот “победникот со победникот“ не е спомнат во Мајскиот договор од 2007 година. Таа смета дека по изборните резултати, неправедно би било нејзината партија да се повикува на овој принцип, бидејќи го нема легитимитетот на албанските гласачи.

    „Тој договор има пет точки, а во петтата точка се вели дека по надминувањето на кризата и по враќањето на ДУИ во Собранието ќе се разговара за формите на составување на влада. Значи не е прецизен. Тоа во овој момент е тешко да се спроведе или речиси е неспроведливо, со оглед на фактот што тоа не се подразбира на прецизен начин, таму не е прецизирано дека треба да имаме две јасни мнозинства. Тргнувајќи од фактот дека ние немаме апсолутен легитимитет за спроведување на овој принцип, тоа е многу тешко да се спроведе“. – изјави Теута Арифи- потпретседателка на ДУИ.

    На 29 јануари истекува рокот до кој мандатарот Никола Груевски треба да состави нова влада и да и ја предложи на Собранието.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира