ДУИ НЕПРАВЕДНО СЕ ПОВРЗУВА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО М-НАВ, ТАМУ СЕ КАРАЛЕ КОЛЕГИТЕ, СООПШТИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА НАПАЃАЧОТ БЕКИМ НЕЗИРИ

    ДУИ НЕПРАВЕДНО СЕ ПОВРЗУВА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО М-НАВ, ТАМУ СЕ КАРАЛЕ КОЛЕГИТЕ, СООПШТИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА НАПАЃАЧОТ БЕКИМ НЕЗИРИИнцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, се вели во соопштението од ДУИ. (Фото: СДК.МК)

    За ДУИ е нерпаведно тоа што инцидентот во контролата за летање каде упаднаа 8 лица меѓу кои и Беким Незири претседателот на чаирскиот огранок, се поврзува со нивната партија. Попладнево од ДУИ преку соопштение до медиумите се огласија за инцидентот што се случи вчеравечер во Контролната кула на Скопскиот аеродром и сметаат дека е резултат на заладени односи меѓу колеги.

    „Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност. Инцидентот кој се обидува неправедно да ѝ се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика. Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа“ се вели во соопштението од ДУИ.

    САКАМДАКАЖАМ.МК утрово постави прашања до партискиот портпарол Бујар Османи дали Беким Незири ќе биде разрешен од функцијата претседател на партискиот огранок во Чаир откако тој вчера изврши терористички чин со тоа што упадна во зградата на контролата за летање и физички нападна вработени, меѓу кои и контролор на летање на работното место и дали министрите од ДУИ ќе го поддржат барањето на премиерот Димитар Ковачевски да се разреши целото раководство на М-НАВ, во кое се кадри од ДУИ. Одговор на прашањата не добивме.

    Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди денеска на прес-конференција кажа дека инцидентот во контралата за летање бил „мало кошкање меѓу колеги кое го има во секоја фирма“.

    Вчера по завршување на прес-конференцијата пред седиштето на М-НАВ на Скопскиот аеродром на претседателот на синдикатот Александар Тасевски, а зад кој застанаа голем број вработени и му аплаудираа, 8 насилници во две возила влегле во зградата и нападнале вработени од албанска етничка припадност, затоа што застанале зад Синдикатот, а не зад партиските вработувања на ДУИ.

    Тие поминале 3 бариери на обезбедување – портата во дворот на М-НАВ, влезната врата во зградата каде што пристап имаат само тие што имаат електронска картичка и во контролната кула каде што нема можност за движење без придружба. Но бандитите се движеле со Беким Незири од ДУИ, вработен во М-НАВ. Незири ги внел насилниците директно во радарската соба, отворајќи им со неговата електронска картичка. Таму се случил физички напад на дел од нив, затоа што излегле да му дадат поддршка на Тасевски, но и да изразат протест против самоволието на менаџментот предводен од директорот Фахрудин Хамиди.

    Беким Незири е претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир. Тој во време на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беше на неколку високи меѓу кои и како еден од директорите на М-НАВ, директор на Фондот за ПИОМ и министер за економија во Владата на Никола Груевски.политички функции, меѓу кои и како еден од директорите на М-НАВ, директор на Фондот за ПИОМ и министер за економија во Владата на Никола Груевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира