ДУРЛОВСКИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ЗА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕШЕВСКА ПОБЛАГИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

    ДУРЛОВСКИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ЗА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕШЕВСКА ПОБЛАГИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТОперскиот пејач Игор Дурловски, кој беше еден од тројцата лидери на „За заедничка Македонија“, досега беше во притвор во истражниот затвор во Шутка. - Игор Дурловски во Собрание на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ја укина мерката притвор за оперскиот пејач Игор Дурловски и за Елена Доцевска Божиновска од кабинетот на експретседателот на Собранието Трајко Велјаноски и им определи мерка куќен притвор.

    Прифатено беше и барањето за укинување на мерката куќен притвор за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска и ѝ изрече поблаги мерки на претпазливост. Сите тројца се осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието

    „На Е.Д.Б. и И.Д. го прифати предлогот на обвинителството и им ја укина мерката притвор и им определи мерка куќен притвор и на Ж.П. го прифати предлогот на обвинителството и ја укина мерката куќен притвор, а и определи мерки за претпазливост, односно – Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска обвинетиот да се јавува на овластено службено лице во судот, Одземање на патна исрпава и забрана за издавање нова патна исправа и Забрана за приближување и воспоставување, односно одржување контакт со одредени лица“, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

    За останатите, судот ги продолжи досегашните мерки на претпазливост, притвор и куќен притвор.

    „На К.М., С.В., Љ.А.,М.Ч.,Д.Л.,Г.Ѓ.,О.П.,О.Р.,М.П.,А.А.,И.Ц.,Б.Д.,Б.И.,В.Ј.,М.П.,З.С.,Ј.Ч.,И.С.,Г.А.,В.Т., и В.М., им ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена и на Љ.Д.,Ј.Т.,С.М., С.М., и М.М. им ја продолжи мерката куќен притвор“, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира