Два „ер трактора“ од Шведска денеска се вклучија во гаснењето на пожарите низ земјава. Шведските авиони се дел од меѓународната помош обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита, а заедно со македонските „ер трактори“ денеска оперираа од Охридското Езеро.
Со ЕУ механизмот на цивилна заштита дојдоа по еден хеликоптер од Србија, Чешка и Словенија, по два „ер трактора“ од Шведска и Германија и тим од Унгарија, 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила, соопшти Центарот за управвање со кризи (ЦУК).
ЦУК соопшти дека денеска се активни 6 пожари на отворено и шумски пожари, и тоа во оштините Демир Хисар, Македонски Брод, Пробиштип, Пласница и Пехчево, а попладнево повторно се реактивира пожарот кај село Патетино, Свети Николе.