ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ПОТВРДЕНИ КАЈ СОПРУЖНИЦИ ОД ДЕБАР КОИ ДОШЛЕ ОД ИТАЛИЈА

    ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ПОТВРДЕНИ КАЈ СОПРУЖНИЦИ ОД ДЕБАР КОИ ДОШЛЕ ОД ИТАЛИЈАДо сега се регистрирани три случаи на коронавирус во земјава (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за здравство објави дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.

    Според информацијата која ја имаат здравствените власти во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

    Повеќе информации ќе каже министерот Венко Филипче на прес-конференција вечерва.

    Пациентката што прва беше заразена со коронавирус е во стабилна состојба, негативен е тестот, што значи дека таа веќе не може да ја пренесе болеста, но согласно протоколот, таа денес или утре повторно ќе биде тестирана. За КОВИД-19 е тестирана и нејзината ќерка, но тестот е негативен.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира