ДВАЈЦА 30-ГОДИШНИЦИ МЕЃУ 20-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, 515 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 1.293 ТЕСТА

    ДВАЈЦА 30-ГОДИШНИЦИ МЕЃУ 20-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, 515 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 1.293 ТЕСТАНа Инфективната клиника примен е 1 пациент, во „8 Септември“ има 6 приеми. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 пациенти, на Кожната клиника 12 пациенти; - Возило на Брза помош низ Скопје. (Фото: К. Попов)

    Дваесет пациенти починаа по компликации од ковид-19 за 24 часа, а од 1.293 тестирања, регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во земјава.

    Починаа тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75), двајца од Куманово (85 и 62), еден пациент од Штип (53), двајца од Прилеп (38 и 46), двајца од Тетово (36 и 55), еден од Битола (79) и еден од Охрид (74), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65), еден од Крива Паланка (67) и еден пациент од Крушево (54). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Во Скопје се регистрирани 207 нови позитивни случаи, во Куманово-33, Штип-33, Прилеп-25, Тетово-17, Велес-21, Битола-22, Охрид-3, Кавадарци-16, Гостивар-16, Струмица-17, Крива Паланка-8, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-21, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Пехчево-2, Берово-10, Виница-2, Делчево-11, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-18, Неготино-12.

    На Инфективната клиника примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 5 пациенти. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 пациенти, на Кожната клиника 12 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 1.194 оздравени пациенти од: Скопје-508, Куманово-41, Дебар-9, Штип-50, Прилеп-80, Тетово-69, Струга-17, Велес-60, Битола-28, Охрид-37, Кавадарци-43, Гостивар-31, Гевгелија-19, Струмица-41, Крива Паланка-42, Радовиш-7, Кочани-30, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-1, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-24, Ресен-4, Неготино-7.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 40.275, оздравеа 24.229, почина 1.156, а активни случаи се 14.890. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 17.524, активни 6.808
    • Куманово 2.699, активни 679
    • Дебар 383, активни 72
    • Штип 1.963, активни 417
    • Прилеп 1.818, активни 765
    • Тетово 2.783, активни 928
    • Струга 940, активни 179
    • Велес 1.188, активни 678
    • Битола 1.054, активни 518
    • Охрид 957, активни 389
    • Кавадарци 745, активни 360
    • Гостивар 1503, активни 426
    • Гевгелија 492, активни 209 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1.221, активни 642
    • Крива Паланка 293, активни 96
    • Радовиш 309, активни 121
    • Крушево 49, активни 25
    • Кочани 901, активни 288
    • Пробиштип 263, активни 96
    • Демир Хисар 114, активни 42
    • Македонски Брод 116, активни 15
    • Пехчево 63, активни 4
    • Берово 256, активни 75
    • Валандово 120, активни 35
    • Виница 238, активни 119
    • Делчево 322, активни 165 (82 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 97, активни 62
    • Свети Николе 553, активни 122
    • Кичево 761, активни 299
    • Ресен 292, активни 92
    • Неготино 258, активни 164 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.293 теста се преку: ИЈЗ-542, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-60, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори) -131, Систина со ПЦР метода -353, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-7, ГАК-1, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 403
    • Гази Баба – 936
    • Аеродром -1077
    • Карпош – 928
    • Центар – 884
    • Кисела Вода – 831
    • Ѓорче Петров – 553
    • Бутел – 367
    • Шуто Оризари – 103
    • Студеничани – 29
    • Сарај – 66
    • Арачиново -16
    • Илинден – 161
    • Сопиште – 57
    • Чучер Сандево – 49
    • Петровец –67
    • Зелениково -39
    • Странец – 93
    • Нераспределен- 149

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира