ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДОКТОРИ КОИ БИЛЕ ВО МАДРИД КАДЕ ИМАЛО ПРЕДАВАЧ СО КОРОНАВИРУС ДЕНЕС ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ВО СКОПЈЕ

    ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДОКТОРИ КОИ БИЛЕ ВО МАДРИД КАДЕ ИМАЛО ПРЕДАВАЧ СО КОРОНАВИРУС ДЕНЕС ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ВО СКОПЈЕ„Докторите стигнале во земјава во саботата навечер, вчера не биле на работа, и освен со семејствата немале контакт со поголема бројка луѓе. Денес ќе бидат тестирани и после тоа ќе биде препишан здравствен домашен карантин од 14 дена“, рече министерот за здравство Филипче. (Фото: K. Попов)

    Двајца македонски доктори кои биле на конгрес во Мадрид каде еден од предавачите е заболен од коронавирус, денес ќе бидат тестирани на Инфективната клиника во Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

    „Светската здравствена организација нѐ информираше дека двајца наши колеги престојувале на конгрес, каде за еден од предвачите било потврдено дека е заболен од коронавирус. Докторите стигнале во земјава во саботата навечер, вчера не биле на работа, и освен со семејствата немале контакт со поголема бројка луѓе. Денес ќе бидат тестирани и после тоа ќе биде препишан здравствен домашен карантин од 14 дена. Со оглед на тоа дека кажуваат оти немале контакт со тој предвач ниту со други со симптоми, и со оглед на малата експоненција од ден и пол, сметаме дека е исклучително мал ризикот да се заразени или да заразат друг, бидејќи е мал временскиот интервал во кој може да станат вирулентини“, кажа Филипче, додавајќи дека во текот на денот ќе ги соопштат резулатите.

    Единствената пациентка со коронавирус која се лекува на Инфективната клиника во Скопје е во добра состојба и почнува фазата на опоравување. Министерот додаде дека епидемиолозите се во контакт со лицата во изолација, нема проблеми во контактите со полицајците и дека досега се тестирани 13 лица.

    Денеска се отвора постапката за дезинфекциони средства низ училиштата, а од резервите на Министерството за здравство се испраќаат на здравствените институции и на граничната полиција.

    Во однос на мерката за откажување на јавни собири до 6 март, Филипче рече дека ако остане ситуацијава како деновиве, нема да ја продолжат.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира