ДВАЈЦА ОД ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ НА ПОЧИНАТОТО МОМЧЕ СЕ ВО ПРИТВОР, СЛУЧАЈОТ Е ЕКСПРЕСНО РАСЧИСТЕН, ВЕЛАТ ОД МВР

    ДВАЈЦА ОД ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ НА ПОЧИНАТОТО МОМЧЕ СЕ ВО ПРИТВОР, СЛУЧАЈОТ Е ЕКСПРЕСНО РАСЧИСТЕН, ВЕЛАТ ОД МВРДоказниот материјал е предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. - Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција (Фото: МВР)

    Министерството за внатрешни работи вели дека е експресно расчистен настанот од 29 јуни, кога беше претепан 21-годишниот Н.С., кој утринава почина на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција кажа дека СВР Скопје има поднесено кривични пријави против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), а прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Доказниот материјал е предаден на Основното јавно обвинителство Скопје, додаде Ангеловски.

    „На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје“, изјави Ангеловски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира