ПОЧИНА МОМЧЕТО КОЕ БЕШЕ ПРЕТЕПАНО ВО АВТОКОМАНДА

    ПОЧИНА МОМЧЕТО КОЕ БЕШЕ ПРЕТЕПАНО ВО АВТОКОМАНДАМВР на 5 јули соопшти дека во врска со нападот е поднесена кривична пријава против три лица за сторено кривично дело „насилство“. - Ургентен центар (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и едногодишниот Н.С., кој беше претепан на 29 јуни во Автокоманда утринава почина, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од КАРИЛ.

    „Пациентот почина сабајле во 8 часот. Станува збор за тешка телесна повреда на мозокот. Телото е предадено на Судска медицина“, ни изјавија од КАРИЛ.

    Претходно, во врска со нападот, МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје.

    Б.Б. (20), С.Д. (21) беа приведени и им беше одредена мерка притвор.

    Напаѓачите излегле од автомобил и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка кај седиштата на „Алкалоид“ и „Скопска пивара“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира