ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 178 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 178 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСАБројот на активни случаи изнесува 4.116 (Фото: СДК.МК)

    Двајца починати и 178 нови случаи на коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа.

    Направени се 1.238 тестови, од кои 178 биле позитивни: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2 и Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1. Меѓу нив има и 33 реинфекции.

    Регистрирани сe и 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес – 31, Кавадарци – 30, Тетово – 29, Штип – 20, Охрид – 19, Гостивар – 17, Кичево – 12, Струмица – 11, Неготино – 10, Гевгелија – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Крива Паланка и Валандово – по 4, Ресен и Берово – по 3, Струга, Кратово и Дојран – по 2 и Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.

    Во изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72 и 60 години). Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, регистрирани се уште двајца починати во домашни услови, од Битола (67) и Струга (65). Тие починале во периодот од 13 јули до 23 јули.

    Досега се направени вкупно 2.121.690 тестирања за ковид-19, при што се откриени 329.172 позитивни случаи. Бројот на оздравени е 315.675, а починаа 9.381 лице. Бројот на активни случаи изнесува 4.116, од кои 1.725 во Скопје, 298 во Битола, 204 во Куманово, 203 во Охрид, 189 во Прилеп, 201 во Кавадарци, 156 во Тетово…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира