ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ НОЌЕСКА ВО ТОПААНСКО ПОЛЕ

    ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ НОЌЕСКА ВО ТОПААНСКО ПОЛЕОд полицијата велат дека на местото на двојното убиство се најдени чаури од пиштол и автоматска пушка. (архивска фотографија)

    А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје, ноќеска околу 2.30 часот се убиени во автомобил на булеварот Македонско-косовска бригада во скопска населба Топаанско поле, соопшти МВР. На местото на двојното убиство се најдени чаури од пиштол и автоматска пушка, додаваат од полицијата.

    „На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Македонско-Косовска бригада се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило ‘ситроен’ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира