ДВЕ ГОДИНИ НЕМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДВЕ ГОДИНИ НЕМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА

    Две години по хеликоптерската несреќа во Струмица, во која загинаа четворица службеници на МВР, истрагата се уште нема утврдено кривична одговорност за ниедно лице. На 10 јули 2014 година, при удар во столб, падна хеликоптер  „ми-17, сопственост на Министерството за внатрешни работи, при што загинаа пилотите Иљо Лопатички, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.

    Од Јавното обвинителство најавуваат дека идната недела ќе се врши реконструкција на трагичниот лет како дел од сложената истрага.

    „Во април годинава ангажирано е стручно лице од Армијата на Република Македонија, пилот со потребните и неопходни сертификати, со чија помош следната недела е планирано изведување на реконструкција на настанот во услови кои сега дозволуваат истата да се изврши. Имено, реконструкцијата која ќе биде направена има за цел да се утврди дали поминатата маршрута на паднатиот хеликоптер била согласно на договореното. Прибирањето на овие докази е во насока на прибирање на материјал за натамошното лоцирање на кривична одговорност за настанот. По анализа на доказите ќе се одлучи дали ќе има потреба од дополнително вештачење за кое евентуално би била ангажирана странска институција“, информираат од Јавното обвинителство.

    Од таму прецизираат дека „Основното јавно обвинителство Струмица континуирано презема дејствија за утврдување на причинско последичните врски кои придонеле за падот на хеликоптерот“ и дека „до сега се прибрале многубројни вербални докази, се вршел распит на лица од Контрола на летање, Македонската радиодифузија, сите членови на екипажот од друг хеликоптер кој истата вечер вршел тренажен лет на подрачјето на источна Македонија и други“.

    Досегашната истрага покажала дека осветлувањето на столбот било како што треба, дека хеликоптерот бил исправен, а лабораториските анализи и обдукцијата на телата на починатите покажале дека пилотите биле подготвени за тренажниот лет. За да биде мистеријата поголема, ни црните кутии не помогнале да се откријат причините за несреќата, ни кој ќе понесе одговорност за неа.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари