ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ПОВИЦИ НА 112 ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО, СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ДУВА И ДЕНЕС

    ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ПОВИЦИ НА 112 ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО, СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ДУВА И ДЕНЕССпоред Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денес ќе продолжи да дува умерен до силен северозападен ветер (над 70 км/час) најизразен вдолж Повардарието и во источните делови, а на североистокот ќе има слаб снег. (Фото: МИА)

    Двојно повеќе повици имало вчера во споредба со петокот на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради наглите зимски временски прилики со дожд, снег и ветер. Вчера најмногу снег наврна на Попова Шапка, 22 сантиметри.

    Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),  денес ќе продоли да дува умерен до силен северозападен ветер (над 70 км/час) најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. На североистокот ќе има слаб снег. Во Скопје денес ќе дува засилен северен ветер, особено претпладне. За утре, се прогнозираат ниски утрински температури. Минималната ќе се движи од -13 до -4, а максималната од -1 до 8.

    Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Тие апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината согласно условите на патот.

    „Дежурните екипи од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта биле постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

    Кон бројот за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.545 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие.

    „Од нив ‘реални’ повици за итни случаи биле 47,91%, а 52,09% други, именувани како ‘неитни повици’, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од непродуктивни за нив такви повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 36,12% од повиците, кон Итната медицинска попомош 27,16%, кон пожарникарите биле упатени 2,05%, кон АМСМ 4,62% и кон ЦУК имало 30,05% за комбинирано решавање од итните реални повици, секако заедно со другите 52,09 %, ‘неитни повици’ за решавање“, велат од ЦУК.

    Вкупно 1.165 повици биле дел од тековната обработка на дежурните оперативци во ЦУК, во двата сектора во последното деноноќие: Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација.

    Според Регионалниот ЦУК Штип, дека сите магистрални регионални локални патишта се исчистени и се проодни за сообраќај, а во моментов вршат дополнителна контрола на некој од локалните патишта во реонот на Плачковица. На територијата што ја покрива РЦУК-Куманово на сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. .

    РЦУК Струмица вели дека сообраќајот по магистралните, регионалните и локалните патишта се одвива по чисти коловози. Единствено отежнато се одвива на патниот правец Струмица-Берово. Во Охрид сите патни правци се проодни за сообраќај.

    „РЦУК Скопје, известува дека по остварените телефонски контакти со ЈП ММакедонија пат и со одговорните лица од општините Чучер Сандево, Сопиште, Бутел, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково и Студеничани добиени се информации дека по синоќешните врнежи од снег нивните служби излегле на терен и во текот на ноќните часови биле исчистени и посолени сите патни правци во нивна надлежност. Според тоа, до овој момент, на територија на РЦУК Скопје нема информација за непроодни патни правци“, соопшти ЦУК.

    РЦУК Тетово вели дека од 6 часот се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Патниот правец кон с.Лукавеца ЕЛС Желино е непрооден, а луѓето се извлечени и се во своите домови.

    На патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, а регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово)  уште не е исчистен и е прооден само за теренски возила.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира